Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Желбата да го освоиме трофејот беше клучна во големото финале на Купот
Недановски: Желбата да го освоиме трофејот беше клучна во големото финале на Купот

Недановски: Желбата да го освоиме трофејот беше клучна во големото финале на Купот

РК Вардар го одбрани трофејот во Купот, вкупно 16-ти за црвено-црните во својата историја. Во големото финале кое се играше во Охрид, вардарци беа подобри од вечниот ривал, екипата на Еурофарм Пелистер која ја совладаа со резултат 26:25.

По одигрување на финалето, впечатоците од победата ги сумираше Владо Недановски, кој истакна дека одлучувачки за триумфот било поголемата желба на неговиот тим да го освои трофејот.

Во Битола беше поголем притисокот затоа што игравме пред полна сала, за најтешкиот терен за нас. Имавме тогаш нервоза, доста технички грешки. На овој меч тоа не се случи, игравме добро и во одбрана и во напад и мислам дека заслужено се радувавме. Клучна за победата беше желбата и Вардар не смееше да остане без еден трофеј. Уште сезоната не е готова, може на крајот да ја имаме и другата титула. И покрај сите проблеми ние игравме најдобар ракомет, заслуживме да ја одбраниме титулата, но во Автокоманда бевме физички и емотивно испразнети и кикснавме. Можеби тоа на крајот ќе не чини титула, но затоа го освоивме Купот. Среќни сме за победата. Околу крајот, тоа го кажувам јавно, битолските навивачи ме нарекоа ресенскиот Жозе Мурињо и јас немав никаква лоша намера кон нив, сакав само да ги поздравам, истакна Недановски.

До крајот на сезоната, остануваат да се одиграат уште две кола во Супер Лига, по кои ќе биде познат шампионот на Македонија.