Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Во четврток во Кичево, кадетите на ФК Вардар го играат финалето во Купот
Во четврток во Кичево, кадетите на ФК Вардар го играат финалето во Купот

Во четврток во Кичево, кадетите на ФК Вардар го играат финалето во Купот

Големото кадетско финале во Купот на Република Македонија, меѓу кадетите на Вардар и Шкендија ќе се одигра на 18.мај со почеток од 10:30 часот на градскиот стадион во Кичево.

Ова е единствената шанса за една од екипите на Вардар сезонава да стигне до трофеј во младинските натпреварувања.

Во полуфиналето нашите кадети после изведување на удари од белата точка ја елиминираа екипата на Брегалница, додека Шкендија беше подобра од Милано.