Вардар го освои 2.место на меѓународниот младински турнир до 15 години, кој изминативе три дена се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.
Во големото финале, вардарци беа поразени со резултат 1:2 од екипата на Лудогорец од Бугарија, а на полувреме имавме предност од 1:0.
Гледавме право финале, со многу борба и дуели на тернот. Ние успеавме први да го отвориме резултататот, со удар од белата точка на Иво Марковски, откако во противничкиот шеснасетник фаулиран беше Митаноски. На полувреме имавме водство од 1:0.
Во второто полувреме, Лудогорец го сврти натпреварот, постигна два гола и на крајот го освои златниот медал на „Вардар Куп Скопје“. Имавме ние неколку обиди во вториот дел од натпреварот, но одбрани голманот на противникот.
Вардар: Павел Грбевски, Иван Ташовски (К), Христијан Јевтоски, Леонид Стамчевски, Филип Цветковски, Стефан Бујароски, Иво Марковски, Душан Бојовиќ Заев, Дамјан Блажев, Петар Блажевски и Илија Митаноски.
Честитки до младите вардарци за освоениот сребрен медал. Третото место го освои екипата на Национал Софија со победата во малото финале од 3:0 против екипата на Црвена Ѕвезда.