Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Избраниците на Рап Тап, генерацијата 2012 ќе игра во полуфиналето на турнирот во Охрид
Избраниците на Рап Тап, генерацијата 2012 ќе игра во полуфиналето на турнирот во Охрид

Избраниците на Рап Тап, генерацијата 2012 ќе игра во полуфиналето на турнирот во Охрид

Денес на програмата беше вториот натпреварувачки ден на младинскиот турнир во Охрид, на кој фудбалскиот клуб Вардар се натпреварува со две екипи.

Генерацијата 2010 ги заврши настапите во 1/4 финалето, откако загуби од екипата на Јанг Тим од Струга со резултат 4:0. Претходно во рамките на 3.коло во групата со резултат 2:0 ја победивме екипата на Биџо од Куманово, со головите на Марин Крстевски и Коста Георѓиевски.

В0 4.коло го претрпевме првиот пораз во групата, натпревар кој немаше резултатско значење за нашиот тим, на кој бевме поразени од екипата на Пелистер со резултат 1:4. Стрелец на единствениот гол за нас беше дело на Лука Митевски.

Генерацијата 2012 под водство на Сашо Тодоровски успеа да се избори за полуфинале на турнирот, откако во 1/4 финалето со резултат 4:2 ја победија екипата на Некст Левел. Иван Савевски постигна два гола, додека по еден беа дело на Лука Ташовски и Петар Бошковски.

Претходно во групната фаза, стигнавме до триумф против екипата на Некст Левел со резултат 3:0. Петар Колевски, Иван Савевски и Петар Бошковски беа стрелци на головите. Во групата го освоивме првото место, откако остваривме минимални победи со резултат 1:0, во соочувањата со Ускана и Ултрас, стрелци на головите беа Петар Бошковски и Петар Симов.