Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар го освои второто место на „Вардар Куп Скопје“ пораз во големото финале од Лудогорец
ФК Вардар го освои второто место на „Вардар Куп Скопје“ пораз во големото финале од Лудогорец

ФК Вардар го освои второто место на „Вардар Куп Скопје“ пораз во големото финале од Лудогорец

Вардар го освои 2.место на меѓународниот младински турнир до 15 години, кој изминативе три дена се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.

Во големото финале, вардарци беа поразени со резултат 1:2 од екипата на Лудогорец од Бугарија, а на полувреме имавме предност од 1:0.

352804170_233120729475021_641929253524849368_n

Гледавме право финале, со многу борба и дуели на тернот. Ние успеавме први да го отвориме резултататот, со удар од белата точка на Иво Марковски, откако во противничкиот шеснасетник фаулиран беше Митаноски. На полувреме имавме водство од 1:0.

Во второто полувреме, Лудогорец го сврти натпреварот, постигна два гола и на крајот го освои златниот медал на „Вардар Куп Скопје“. Имавме ние неколку обиди во вториот дел од натпреварот, но одбрани голманот на противникот.

352809120_233120446141716_6638037816267473617_n 352816191_233081309478963_7218763904024985479_n

Вардар: Павел Грбевски, Иван Ташовски (К), Христијан Јевтоски, Леонид Стамчевски, Филип Цветковски, Стефан Бујароски, Иво Марковски, Душан Бојовиќ Заев, Дамјан Блажев, Петар Блажевски и Илија Митаноски.

Честитки до младите вардарци за освоениот сребрен медал. Третото место го освои екипата на Национал Софија со победата во малото финале од 3:0 против екипата на Црвена Ѕвезда.