Според последните информации до кои дојде ,,Вардар Фанс”, најголемиот фудбалски клуб во Македонија, тимот на Вардар во петок означува старт на летните подготовки и најава за враќањето во Првата фудбалска лига на Македонија.
Најтрофејниот предвидено е да започне како што рековме во петок и тоа од Маџари, каде ,,црвено-црните” би го имале првиот тренинг и би тренирале во идниот период се до заминувањето на главните подготовки, односно некаде на пријатни услови за игра и временски температури (изгледа надвор од нашата земја).
Останува да видиме дали ќе тече се по планот и дали Вардар ќе започне во петок со тренинзи. Засега е потврдено само едно единствено заминување од таборот на вардарци. Во следниот период се најавени и неколку нови имиња пред се од Бразил, но и некогашни играчи на нашиот тим.