Ракометниот клуб Вардар утре со почеток од 11:00 часот ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги изнесе плановите за подготовките во новата натпреварувачка сезона.
Треба да бидат официјално претставени сите нови засилувања, но и оние кои ќе го напуштат Вардар треба да бидат познати.
Ќе има промени и во раководниот и спортски дел, па очекуваме да видиме кои ќе бидат новитети во клубот и на ова поле.
Вардар доби тежок противник во квалификациите за пласман во групите од Европската Лига, Рајн Некар од Германија ќе биде пречката за пласман во главната фаза.