Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борко Ристовски нов извршен директор на Вардар, Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб
Борко Ристовски нов извршен директор на Вардар, Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб

Борко Ристовски нов извршен директор на Вардар, Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб

Ракометниот клуб Вардар на прес-конференција ги изнесе новитети во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Борко Ристовски и Стојанче Стоилов ја завршуваат играчката кариера, но остануваат во Вардар на други позиции.

Ристовски ќе биде нов извршен директор и ќе го замени Михајло Михајловски, кој се повлекува од клубот, додека Стојанче Стоилов ќе биде вклучен во стручниот штаб на клубот и ќе има функција на координатор во младинската школа.