Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Михајло Михајловски се повлекува од Вардар
Михајло Михајловски се повлекува од Вардар

Михајло Михајловски се повлекува од Вардар

На денешнаа прес-конференција, досегашниот претседател на РК Вардар, Михајло Михајловски, изјави дека се повлекува од клубот. Михајловски ќе нема веќе никаква функција од извршен карактер, туку само како советодавец.

Долги години минав во Вардар. По фантастичните успеси со Самсоненнко дојдов од две причини. Се нафатив да го спасам клубот од љубов, кој го чувстувам како европски бренд. Од друга страна, имав цврсти коментари дека ќе добиеме помош од многу страни. Јас пак најдоб оправдување, корона-кризата, а потоа и енергетската придонесоа за пад на финансиски план. Јас минатата година најавив дека сакам да се повлечам, ама не без да најдам вистински спонзор. Мислам дека го најдов тимот, добри спонзори и добар склоп на директори кои ќе го изнесат клубот на прав пат. Повеќе нема да имам никаква функција од извршен карактер, туку би останал само како советодавец, изјави Михајло Михајловски на прес-конференцијата.