Ракометниот клуб Вардар на прес-конференција ги изнесе новитети во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Борко Ристовски и Стојанче Стоилов ја завршуваат играчката кариера, но остануваат во Вардар на други позиции.
Ристовски ќе биде нов извршен директор и ќе го замени Михајло Михајловски, кој се повлекува од клубот, додека Стојанче Стоилов ќе биде вклучен во стручниот штаб на клубот и ќе има функција на координатор во младинската школа.