Игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Вардар претходно потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер, кој може да игра дури на три позиции (лево крило, лев бек и среден бек). Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар, има само 19 години, а изминатава сезона играше во португалското првенство за Викторија, каде настапи на 24 натпревари. Тој успешно ги мина лекарските прегледи, веќе неколку денови тренира со тимот и ќе продолжи со подготовките за новата сезона.
Покрај Нилтон Мело, за Вардар досега потпишаа и Кубанецот Хансер Микел Родригез, Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и Матија Николиќ.