Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > НЕКА Е ЗА АРНО И ЗА УБАВО: Вардар се враќа во Првата лига!
НЕКА Е ЗА АРНО И ЗА УБАВО: Вардар се враќа во Првата лига!

НЕКА Е ЗА АРНО И ЗА УБАВО: Вардар се враќа во Првата лига!

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА!
.
ФК Вардар денес официјално ја обезбеди неопходната документација, односно завршната сметка и ревизијата, кои беа потребни за учество во Првата македонска фудбалска лига.
.
Причината поради која се доцнеше со прибирањето на потребната документација, беше долгот кој поранешниот директор на клубот Слободан Крстевски, го направил кон сметководителите. Поради тоа, бевме приморани да повлечеме средства од досегашната сума собрана од акцијата за продажба на членски карти, во вредност од 315 000 денари и да го исплатиме заостанатиот долг,  бидејќи тоа беше единственото можно решение во дадената ситуација.
.
Овој проблем е доказ за тоа колку е важно секој од нас да купи членска карта. Денес решивме еден проблем, но голема е веројатноста дека во иднина ќе се соочиме со многу вакви ситуации. Затоа, АПЕЛ ДО СЕКОЈ ВАРДАРЕЦ, да си обезбеди членска карта, затоа што таквите мали чекори, кои мора секој од нас да ги направи, покрај сплотеноста се нашата најголема сила!
.
Денес НАРОДОТ реши голем проблем. ФК Вардар ќе игра во Првата лига, затоа што народот така одлучи. Сега е време акцијата да продолжи со уште посилно темпо, зошто не очекуваат уште многу предизвици во периодот што следува. Ние сме Вардар, затоа да покажеме дека можеме!
.
КУПИ ЧЛЕНСКА – ЗА ВАРДАР НАШ!