Денешниот тренинг на екипата беше прекинат, зошто постојат датуми на кои едноставно не смееме да заборавиме!
Денес навршуваат 60 години од страшниот земјотрес, кој на 26.07.1963 година, го погоди Скопје. Овој ден е длабоко врежан во колективната меморија на сите скопјани и Македонци, а наша обврска како клуб на народот, е секогаш достојно да го одбележиме.
По тој повод, тренерот Бобан Грнчаров со краток говор не потсети на важноста и симболиката на денешниот датум, а потоа целокупниот тим со минута молк, им одаде почит на сите жртва од големата катастрофа.
Скопје се сеќава – клубот на народот не заборава!⚫️