Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз на ЕП кое се одржува во Црна Гора. Избраничките на Кристијан Грчевски загубија со резултат 46:17 од репрезентацијата на Унгарија.
Уште по првото полувреме беа решени голем дел од работите околу конечниот победник, кога на пауза се замина со резултат 23:6.
Леона Миленкоска од редовите на Вардар беше наша најефикасна ракометарка постигнувајќи пет голови.
Македонија претходно загуби и од Романија, додека во следното коло се среќава со репрезентацијата на Франција.