Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Македонија У18 ремизираше со Унгарија, Гаштаров одигра 45 минути
Македонија У18 ремизираше со Унгарија, Гаштаров одигра 45 минути

Македонија У18 ремизираше со Унгарија, Гаштаров одигра 45 минути

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра со нерешен резултат 1:1 (0:1) на контролен натпревар против соодветната репрезентација на Унгарија.

Натпреварот кој се одигра на стадионот во Ѓорче Петров заврши со нерешен резултат 1:1. Нашите репрезентативци имаа повеќе шанси да стигнат до победа, но сепак беа принудени во вториот дел да бркаат негатива, со оглед дека на полувреме Унгарија беше во предност од 0:1.

Во второто полувреме продолжи нашата офанзивна игра и стигна израмнувачкиот гол за 1:1, кој беше и конечен резултат на натпреварот.

Вардаровиот играч, Матеј Гаштаров, во игра влезе во вториот дел и помина 45 минути на теренот.