Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Во недела црвено – црната мора да доминира, во недела до коска за Вардар !
Комити: Во недела црвено – црната мора да доминира, во недела до коска за Вардар !

Комити: Во недела црвено – црната мора да доминира, во недела до коска за Вардар !

Во недела, екипата на ФК Вардар ќе го одигра првиот натпревар на домашен терен, во новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ. На својата официјална страница, навивачката група Комити го најави натпреварот против екипата на Шкупи.

НАЈАВА | ФК Вардар – ФК Слога Југомагнат (13.08.2023)

Во недела големиот Вардар го игра првиот натпревар дома, против маалскиот клуб Слога Југомагнат.

Битката за градот е веќе добиена – градот е наш. Сега е време да им помогнеме на нашите фудбалери и тие да ја добијат битката на теренот!

Во недела црвено – црната мора да доминира, во недела – до коска за Вардар !

Собирот започнува во 15:00 пред стадионот “Борис Трајковски” во Маџари.

ВАЖНА НАПОМЕНА: До 16:15ч пред натпреварот, ќе бидат пропуштани единствено навивачите кои поседуваат членска карта. Затоа ги повикуваме сите наши членови, да купат членска карта !

Замената на ваучерите/билетите, со пластифицирани членски карти ќе се врши во недела пред стадионот, започнувајќи од 14:30ч па се до 17:00ч, односно до почетокот на натпреварот.

КУПИ ЧЛЕНСКА И БОДРИ ГО ВАРДАР !

На сите продажни места на “МК Тикетс”
Онлајн преку линкот:https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx…