И оваа година македонски шампион Ѓорче Петров ќе го организира турнирот „Ѓорче Куп“, кој веќе прераснува во традиција.
На 3тиот турнир , Ѓорче Петров ќе биде домаќин на уште седум екипи – четири од Србија, две од јужниот сосед на Македонија и уште една од нашата држава.
Во групата А ќе бидат Ѓорче Петров, Панорама, Бор и Црвена Ѕвезда, додека во групата Б се Вардар, Бекамент Аранѓеловац, ПАОК Солун и Железничар Инџија.
Утринските натпревари што ќе започнуваат од 09:00 и од 11:00 часот ќе се играат во салата „Христо Батанџиев“ во Волково, додека вечерните натпревари ќе се играат на отвореното игралиште „Камин Кама“ од 19:00, односно 21:00 часот.
По три дена разигрување по групи, на последниот ден од турнирот, 27 август (недела), во утринските термини ќе се играат полуфиналните средби (А1-Б2, Б1-А2), додека во вечерните термини ќе бидат дуелот за трето место и финалето.