По одработените комплетни подготовки со екипата, стручниот штаб на чело со Бобан Грнчаров одлучија да го задржат 22 годишниот бразилски офанзивен играч за врска Лелис Фигуередо Педрињо кој ќе биде шесто засилување за Вардар во летниот преоден рок. Доаѓа од екипата на Минор Перник, а во досегашната кариера настапувал и за бразилските екипи на Индепенте де Лимеира и Наутико.
Добредојде во најтрофејниот клуб во Македонија Педрињо!