Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нова победа за ракометните кадети, вардарецот Марио Стојановски одигра нов добар натпревар
Нова победа за ракометните кадети, вардарецот Марио Стојановски одигра нов добар натпревар

Нова победа за ракометните кадети, вардарецот Марио Стојановски одигра нов добар натпревар

Нова победа за кадетската ракометна репрезентација на светското првенство во Хрватска. Нашите млади надежи во рамките на последното коло од главната фаза успеаа да излезат како победници во соочувањето со екипата на Австрија, триумфирајќи со резултат 28:22.

До средината на првото полувреме се играше гол за гол, а Македонија многу подобро ги одигра завршните 15 минути кога успеа на полувреме да замине со висока предност од 14:8.

Во вториот дел успеавме да ја одржиме стекнатата предност, на моменти Австрија намали на четири гола разлика, но избраниците на Стојановиќ не дозволија мечот да влезе во неизвесност. На крајот триумф за ракометните кадети, вкупно трет на мундијалот во Хрватска.

Нашата млада репрезентација со оваа победа ќе разигрува за пласман од 9-12 место на СП.

Единствениот вардаров играч во составот на кадетската репрезентација, Марио Стојановски, одигра добар натпревар на кој успеа да постигне 4 гола.