Во недела (13.08) на програмата е второто коло во ПМФЛ, во кое Вардар ќе го одигра првиот домашен натпревар сезонава.
Во недела на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, Вардар ќе биде домаќин на екипата на Шкупи. Натпреварот ќе започне од 17:00 часот. Се очекува преполн стадион и голема поддршка од Комити.
Вардар ќе се обиде да стигне до првиот триумф откако во првото коло загуби минимално од тимот на Брера Струмица, додека на истиов стадион, Шкупи на отварање на сезоната беше поразен од Работнички.