„Морална одговорност беше да прифатам и да помогнам во овој тежок период. Вардар мене ми даде сѐ, од Вардар заминав во Германија, ја освоив последната титула, потоа дојде заминувањето поради неиздржливата состојба во која се најде клубот. Јас се надевам дека ќе запливаме во подобри води, освоивме бод што е еден мал напредок, а се надевам дека со два-три играчи ќе се доекипираме за до полусезона. Со Хаџиевски ќе се вложиме со наши контакти од странство, Србија, Хрватска, да донесеме играчи на заем, кои ќе ни помогнат, зашто знаете какви се тенки финансиите.
Вардар во следното коло му гостува на шампионот во нова тешка задача.