Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски: “Подготвен сум, одиме повторно”
Завировски: “Подготвен сум, одиме повторно”

Завировски: “Подготвен сум, одиме повторно”

Верниот на Вардар, човекот кој цела кариера ја мина во црвено-црните, Петре Завировски на 3 септември во градот на најлутите Вардарови ривали Битола ќе го започне својот поход во вториот дел на сезоната.

Со дресот на Вардар со амблемот и името на Комити ја продолжуа својата 14 професионална сезона. Во првиот дел на сезоната поради проблеми со повредите и долгата рехабилитација не беше многу активен, но во вториот дел на сезоната и те како ќе го гледаме на атлетските борилишта. Во целост ви ја пренесуваме изјавата на Завировски ексклузивно за Вардар Фанс:

petre-2

Имаме едно долго и пеколно лето кое се уште трае, исклучително тешки амбиентални услови за тренирање. Но дадов се од себе, секој ден утрински тренинг во 5 часот наутро и вечерен лесен тренинг. Задоволен сум од обемеот и интензитетот. Во последнава фаза од подготовките имам брзи делници и одлични темпо тренинзи. Добро се подготвив. За разлика од првиот дел на сезоната сега повторно сум подготвен да се вмешам таму горе. Започнувам на 3 септември во Битола, таму ми годат негодувањата на битолската публика за дресот на Вардар и Комити. Потоа на 17 септември продолжуваме на Колор Ран во Скопје. На 1 октомври е мојот таргет на Скопски Маратон. Потоа ќе ја продолжиме сезоната во Струмица, Скопје, Гевгелија и други трки. Но тоа е сеуште далеку. Во моментов се фокусирам поединечно на секоја трка што следи. Задволен сум од мојот подготвителен период. Ќе биде тешко да се држи нивото, но тренирав добро, одработив добри подготовки во Охрид. Чувствувам дека сум добро подготвен, зошто да не се обидам повторно. Добро се подготвив време е за нов поход. Имав среќа во текот на целите подготовки да немам ниту една пвреда, што не беше случај во периодот од јанураи до април. Но таков е спортот некогаш дава некогаш зема”.