Драган Јанкоски со прв повик во националната репрезентација, Матеј Гаштаров исто така во составот на Македонија У18 предводен од Вујадин Станојковиќ.
Младата репрезентација на Македонија до 18 години во периодот од 3 до 8 септември ќе одржи тренинг камп во Кичево.
Нашите млади фудбалери ќе го искористат максимално овој период за да се подготват што е можно подобро за претстојните предизвици што ќе ги очекува оваа репрезентација.