Екипата на ФК Вардар стигна до првиот триумф сезонава во ПМФЛ. Црвено-црните попладнево на стадионот „Борис Трајковски“ со резултат 2:1 ја победија екипата на Македонија Ѓ.П.
Тренерот Васоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Брдаровски, Мишковски, Алаведра, Глишиќ, Мицевски, Омерагиќ, Педрињо, Николовски, Трајкоски, Лемос.
Вардар одигра добро прво полувреме, во кое имаше предност од 2:0. Во 25.минута со голот од пенал на капитенот Дарко Мицевски го отворивме резултатот на 1:0, додека во 33.минута после убава акција, од десната страна, Мицевски асистираше до Азер Омерагиќ кој се запиша во листата на стрелци за 2:0. Ова е прв гол и за Азер сезонава за Вардар во ПМФЛ. На нашиот гол, две добри одбрани имаше Филип Гачевски, кој не дозволи да биде совладан.
На стартот на вториот дел, Македонија Ѓ.П се закани со акција од десната страна и упатен центар шут, но еден од нивните играчи биеше над голот. Имавме среќа во 55.минута кога противничкиот играч, Стојковски, биеше крај стативата, недостасуваше малку противникот да го намали резултатот. Васоски го освежи тимот во вториот дел и направи неколку измени. Во судиското надополнување, екипата на Македонија Ѓ.П го намали резултатот на 2:1, што беше и конечен резултат.