Денес стартуваше новата натпреварувачка сезона во младинската фудбалска Супер Лига. Пионерските екипи на ФК Вардар гостуваа кај екипата на Шкупи.
Генерацијата 2008 доживеа висок пораз на стартот на сезоната во помладата пионерска Супер Лига. Избраниците на Влатко Колев одиграа блед натпревар кој го загубија од екипата на Шкупи со резултат 6:0 (2:0).
Слаб натпревар за нашите млади надежи, за кои се надеваме дека ова беше само еден лош ден. Екипата на Шкупи речиси секој удар што го упати во рамките на голот, заврши во нашата мрежа. Уште во 1.минута успеаа да го отворат резултатот, а до крајот на првиот дел да поведат и со 2:0. Ние имавме обиди преку Кадрији, Буцевски и Митаноски, но ништо посериозно кон голот на домашниот тим.
Во вториот дел, Шкупи постигна уште четири гола во нашата мрежа, во 50, 58, 60 и 83.минута. Ние во овој дел од натпреварот се заканивме преку Делев, кој биеше со глава после центар шут на Митаноски, но денес не успеавме да постигнеме гол. На крајот висок триумф за екипата од Чаир.
Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Ендрит Кадрији, Стефан Стаматоски, Стефан Бујароски.
Играа уште и Никола Јовановски, Лука Богдановски, Марко Шотаровски, Данило Делев, Давид Трпевски и Михаил Алексов.
Пример за тоа како треба да се бранат вардаровите бои, се генерацијата 2007, која денес освои голем бод на гостувањето кај екипата на Шкупи. Натпреварот кој се одигра на теренот во н.Бутел заврши со нерешен резултат 2:2 (1:0).
Иако во два наврати домашниот тим имаше предност, сепак Вардар на крајот успеа да освои бод.
Екипата на Шкупи го отвори резултатот на 1:0 во 14.минута. Во првиот дел не видовме некоја посериозна шанса за втор гол на мечот. Кај нас се закани Котевски, кој за малку биеше крај голот, додека една интервенција имаше и нашиот голман Лука Јаневски.
Во вториот дел тргнавме похрабро, со цел да го израмниме резултатот, а тоа му успеа на Иван Блажевски по само три минути игра. Блажевски најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник, после наша акција од десната страна и центар шут, Блажевски се најде на вистинското место и успеа да донесе израмнување.
Гледавме навистина борбен натпревар на теренот, а нашите играчи го оставија срцето на терен. Иако со само две замени на денешниот натпревар, тренерот Димо Мушу извади максимум од момците денес. После центар шут од десната страна, Шкупи успеа да поведе со 2:1 и тоа со наш авто гол. Но тоа не не обезхрабри, покажавме силна желба повторно да погодиме. Тоа му успеа на капитенот Михаил Јорданоски, кој искористи едно недоразбирање на противничкиот голман со својот играч, а тоа го искористи Јорданоски, кој во 77.минута израмни на 2:2.
До крајот, треба да се напомене дека Шкупи во иста акција, имаше зицер позиции за враќање на предноста, во првиот обид одлично одбрани Јаневски Лука и спаси чист гол, додека вториот удар заврши во пречката. На крајот конечни 2:2 и поделба на бодовите во рамките на 1.коло во Пионерската Супер Лига.
Вардар: Лука Јаневски, Алексеј Ивановски, Фуад Керими, Петар Котевски, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски (К), Ненад Стојанчевски, Кристијан Каруловски, Бобан Бакрачески, Гоце Трајчевски, Филип Дамевски.
Играа и Филип Стефанов и Михаил Димов.
Честитки за овие играчи, кои денес достојно го бранеа дресот на Вардар. Секој од нив имаше голем придонес во освоениот бод.