Утре на програмата е ракометниот Супер Куп, во кој ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.
РФМ за овој натпревар за судии ги делегираше Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат ќе биде Камен Металари, додека за контролор е назначен Драган Начевски.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Парк“ во Струмица со почеток од 18:00 часот.