Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Атанасовски, Радески, Шаботиќ и Спасовски дел од Македонија У17 за контролните дуели со Косово
Атанасовски, Радески, Шаботиќ и Спасовски дел од Македонија У17 за контролните дуели со Косово

Атанасовски, Радески, Шаботиќ и Спасовски дел од Македонија У17 за контролните дуели со Косово

Четири наши играчи ќе бидат дел од младинската репрезентација до 17 години која во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари на гостински терен против соодветната репрезентација на Косово.

Селекторот на Македонија У17, Дашмир Беари, од нашиот клуб ги повика Лука Атанасовски, Златко Радески, Емир Шаботиќ и Милош Спасовски.

Контролните натпревари со Косово ќе се одиграат на 6 и 8.септември.

Како што претходно известивме, дел од тренинг кампот во Кичево на Македонија У18 ќе бидат Матеј Гаштаров и Драган Јанкоски.