ЖРК Вардар на својата официјална страница, објави дека во новата натпреварувачка сезона, Анжела Платон ќе биде дел од стручниот штаб на сениорската екипа како помошник тренер на Александар Царчев.
Платон е веќе долги години дел од ЖРК Вардар, како предводник на младинските екипи. Под нејзина „палка“ поминаа многу ракометни надежи, кои се и дел од првиот тим на клубот.
Анжела, континуирано продолжува да работи со младите, како тренер на кадетската екипа.