Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Убедливи победи за кадетите и младинците против екипата на Шкупи
Убедливи победи за кадетите и младинците против екипата на Шкупи

Убедливи победи за кадетите и младинците против екипата на Шкупи

Кадетите со победа ја стартуваа новата натпреварувачка сезона. Во рамките на 1.коло во Кадетската Супер Лига, натпреварот кој се одигра во Кадино против екипата на Шкупи заврши во наша корист со резултат 3:0.

Победата добива на тежина со оглед дека денес во составот преовладуваа играчи кои се генерација 2007. На полувреме резултатот беше 1:0.

374863033_280342448086182_396927229454460279_n

Вардарци одиграа подобро на овој натпревар и заслужено стигнаа до триумф. Пред да биде отворен резултатот, директен удар кон голот на гостинскиот тим имаше Бектеши, играч над кој во следната наша акција беше изнуден удар од белата точка. Сигурен реализатор на казнениот удар во 17.минута беше Филип Смиљков кој ни донесе предност од 1:0. До крајот на првиот дел имавме уште неколку обиди, но немаше нова промена на резултатот.

375145771_280342534752840_4764759351128252099_n

Во второто полувреме тргнавме уште поофанзивно кон голот на Шкупи. Се играше 48.минута кога од десната страна Шаботиќ аситираше до Хабиб Бектеши кој успеа да погоди за предност од 2:0. Денес Максим Краљевски не дозволи да биде совладан, нашиот голман имаше две добри интервенции во вториот дел. Печат на победата стави Харбин Туша кој во 57 минута го зголеми резултатот на 3:0, откако нашиот играч се најде на вистинското место после одбиена топка.

Вардар: Маким Краљевски (К), Мичо Поповски, Мирза Хасиќ, Филип Смиљков, Хабиб Бектеши, Александар Миовски, Давид Цековски, Матеј Ѓорѓиевски, Лука Атанасовски, Хабиб Бектеши и Милош Спасовски.

Играa уште и Александар Милошоски, Харбин Туша, Марко Крстевски и Андреј Бојчев.

Младинците со убедливи 3:0 го победија тимот на Шкупи, на отварање на сезоната во младинската Супер лига.

Лесно можеше триумфот да биде изразен со поголема разлика, ако денес бевме поефикасни во завршната реализација. Во првите 45 минути гостинот од Чаир одолеваше на нашите напади, а шанси во овој дел имавме преку Бундалески и Крстевски, но на одмор се замина со почетните 0:0.

Лесно можеше триумфот да биде изразен со поголема разлика, ако денес бевме поефикасни во завршната реализација. Во првите 45 минути гостинот од Чаир одолеваше на нашите напади, а шанси во овој дел имавме преку Бундалески и Крстевски, но на одмор се замина со почетните 0:0.

Вардаровите надежи беа решени да ги освојат трите бода и на крајот стигнаа до целта. Конечно успеавме да го отвориме резултатот со голот на Матеј Гаштаров, кој се најде на вистинското место во противничкиот шеснаесетник, откако Антонијо Крстевски помина по десната страна и асистираше.

Во следната акција, Зоран Фидановски беше играчот кој проби од десната страна, даде пас до Гаштаров кој повторно ги истакна голгетереските квалитети, по втор пат ја затресе мрежата за предност од 2:0. Третиот погодок беше евро гол на Лука Јакимовски кој со силен и прецизен удар успеа да го матира гостинскиот голман за водство од 3:0, резултат кој беше и конечен на натпреварот.

Вардар: Никола Филевски, Зоран Фидановски, Златко Радески, Драган Јанкоски, Ѓорѓи Дошев, Максим Бундалески, Матеј Гаштаров, Горјан Цветков (К), Тино Спасиќ, Марко Николовски, Антонијо Крстевски.

Играа уште и Леонид Илиевски, Лука Јакимовски, Давор Лефковски, Виктор Стефановиќ, Михаил Кузмановски, Кристијан Галевски и Филип Радевски.