Денес со почеток од 18:30 часот, во малата сала на С.Ц.Јане Сандански, екипата на РК Вардар ќе го одигра првиот натпревар во домашното првенство.
Се работи за натпревар од 2.коло против екипата на Бутел, а во рамките на 1.коло во недела ќе играме со екипата на Еурофарм Пелистер.
Денешниот натпревар ќе го судат, Виктор Начевски и Даниело Божиновски, додека делегат ќе биде Камер Металари.