Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не делуваше моќно, но го победи тимот на Бутел, на отварање на сезоната во Супер Лигата
Вардар не делуваше моќно, но го победи тимот на Бутел, на отварање на сезоната во Супер Лигата

Вардар не делуваше моќно, но го победи тимот на Бутел, на отварање на сезоната во Супер Лигата

Екипата на РК Вардар со победа ја отвори новата натпреварувачка сезона во Супер Литата. Вечерва во СЦ.Јане Сандански, црвено-црните со резултат 21:24 го победија тимот на Бутел

Во првите 15.минути од натреварот видовме само шест голови. Првиот погодок екипата на Бутел го постигна во 12.минути за да намали на 1:2, откако голови за Вардар постигнаа Срдановиќ и Ѓукиќ. Во 13.минута Стоилов побара тај-маут, но условно домашниот тим на овој натпревар направи серија и по 15 минути игра поведе со 3:2. Многу неискористени напади од двете страни до средината на првото полувреме, на нашиот гол, Мартин Томовски имаше неколку интервенции. Црвено-црните цело прво полувреме се мачеа во нападот, доста промашени позиции од бековските позиции, едноставно Стоилов не можеше да ја пронајде добитната линија во нападот. По 25 минути игра, резултатот на семафорот гласеше 7:7. На полувреме, Вардар успеа да се стекне со водство и на одмор да замине со резултат 8:10.

Вториот дел започна со два последователни голови на Срдановиќ, за Вардар прв пат на мечот да има позитива од четири гола разлика (8:12). По десет минути игра во вториот дел, екипата на Бутел постигна само еден гол, додека избраниците на Стоилов ја полнеа мрежата од сите позиции и имаа висока предност од 9:16, што беше знак за противничкиот тренер да побара минута одмор. Бутел не се предаде така лесно, и не дозволи Вардар пред време да го реши победникот, намали на 15:18 во 47 минута. Вардар имаше три гола предност на пет минути пред крајот, но му дозволи на Бутел да намали на само еден гол разлика (21:22), сепак Ѓукиќ погоди за 21:23 на минута до крајот на натпреварот. Точка на натпреварот со гол стави Николиќ кој ги постави конечните 21:24.