Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Време е ФК Вардар да го каже својот збор, доста беше !
Време е ФК Вардар да го каже својот збор, доста беше !

Време е ФК Вардар да го каже својот збор, доста беше !

Фудбалскиот клуб Вардар на својата официјална страница го објави следново:

Време е ФК Вардар да го каже својот збор. Доста беше!

Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција, која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром, а која симболично ќе започне во 5 за 12, односно во 11:55ч

Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат, со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот !

Прес-конференцијата ќе биде емитувана во живо на официјалните страници на ФК Вардар и н.г. “Комити Запад”.