РК Вардар 1961 задржа уште еден играч и го продолжи договорот со него до 2026 година. Во информацијата објавена на нивната страница се вели:
Младиот Марио Стојановски кој сезонава е стандарден првотимец во сениорскиот тим на Вардар, а истовремно и дел од младата репрезентација на Македонија го продолжи договорот со „црвено-црните“ до јуни 2026 година. Со тоа Вардар потврди дека сериозно работи на формирање на состав што ќе биде костур на тимот за следните сезони. Тој е вториот ракометар кој реши да ја продолжи верноста со тимот, по Марко Срдановиќ кој истотака ќе остане до 2026 година во Скопје.
Стојановски игра на позицјата лево крило (20) и се повеќе добива шанса од тренерот Владо Недановски, и истата ја оправдува,со добра игра и голови. Стојановски кој потекнува од Вардар се развива во квалитетен играч, на кого тимот сериозно смета во иднина. Со неговите настапи, во Вардар и во репрезентацијата го покажа раскошниот талент и квалитет што го поседува.
„Воопшто не се двоумев кога Вардар ми понуди нов договор, бидејќи тоа беше мојот сон. Напорно се подготвував за ова што сега го имам, и работев да стигнам до првиот тим. Убеден сум дека и јас и екипата ќе растеме уште повеќе, а резултатите тоа го покажуваат, вели Марко Стојановски.
Вардар веќе работи на создавање на тим, не само во сениорска конкуренција туку и во помладите категории, и целта е да се ангажираат играчите што најдобро ќе се вклопат во клупската филозофија. Изборот што досега е направен покажа дека имаме подеднакво квалиттени играчи на секоја позиција кои можат и треба да го вратат Вардар на самиот врв. Чекориме по зацртана патека и ги исполнуваме целите што ги имаме пред себе.
.
#rkvardar1961 #ЕденЖивотЕднаЉубов