Добрите игри во дресот на Вардар, беа повод за селекторот на Србија, да го повика Матија Николиќ во националниот дрес на својата земја.
Ракометната репрезентација на Србија за време на ЕХФ неделата ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Словенија. Натпреварите се закажани да се одиграат на 04.11 и 05.11.
За Николиќ ова ќе биде деби во дресот на Србија.