Кадетите на РК Вардар стигнаа до првата првенствена победа сезонава, откако славеа на гостувањето кај екипата на Младост 1977. Избраниците на Даниела Тасеска одиграа одличен натпревар и славеа со резултат 31:35.
Домашниот тим го отвори натпреварот со предност од 2:0 и 3:1, но ние полека ги консолидиравме редовите и успеавме по 7.минути игра да поведеме со 4:5. Имаше периоди кога доминиравме на теренот во салата во Богданци, со добра игра во одбраната успеавме да поведеме со 10:13, што беше наша најголема предност во првиот дел од мечот. Сепак. ,Младост, не ни дозволи да се одлепиме резултатски, со серија од три голови успеа да го израмни резултатот на 13:13. Ние имавме водство и од 14:16, сепак на полувреме се замина со гол предност во корист на нашиот тим, резултатот по 30.минути игра гласеше 16:17.
Последната резултатска неизвесност во вториот дел беше при резултат 20:21, по што вардарци направија голем исчекор кон победата, вардаровите надежи направија серија од 0:6 и имаа висока предност од 20:27, што им даваше за право да се надеваат на триумф. Младост иако се обиде, не можеше комплетно да се врати во игра, намали во еден момент на само два гола негатива (30:32), но Вардар не дозволи да ја испушти првата победа сезонава во кадетската лига од 2.коло во групата Б. Конечнот резултат гласеше 31:35.
Во нашите редови се истакнаа Иван Најдовски и Огнен Тасевски кои постигнаа по 9 гола, додека Никола Нечовски имаше 7 погодоци.