Одлична полусезона за генерацијата 2010 во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња.
Екипата предводена од Зоки Тасески е есенски шампион во групата Б на ова натпреварување. Иако одигравме само осум од вкупно девет натпревар, вардаровите надежи завршија на првото место со максимални 24 освоени бодови. Го имаме убедливо најдобриот напад со 31 постигнат гол, како и втората најдобра одбрана со 7 примени голови.
Џихан Ибраими е нашиот најдобар стрелец со 12 постигнати голови во есенскиот дел. Голови постигнуваа уште и Михаил Атанасовски (6), Мартин Краљевски (5), Павел Антевски (3), Лука Митевски (2), Калин Аврамоски, Стефан Донев и Матеј Трпевски (1