На 21.декември во салата „Н.Н Борче“ во населба Маџари, опш. „Гази Баба“ се одигра кадетски турнир “Скопје куп-2023“ на кој Вардар беше најдобар.
Тимот на Платон Анжела и Марија Папуџиева дојде до златото на овој настан. Подобри бевме од екипите на Ѓорче Петров и Чаир. По крајот на настапот нашиот капитен Тамара Ѓорѓиевска го прими шампионскиот пехар. Покрај тоа имавме и најдобар играч на турнирот, нашиот голман Зорица Хасаноска беше прогласена за МВП.