Тројца играчи од Вардар ќе ја претставуваат Македонија на Европското ракометно првенство во Германија.
Селекторот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров, го објави конечниот список на ракометари кои ќе настапат на претстојното ЕП.
Дел од националната репрезентација ќе бидат Мартин Томовски, Томислав Јагуриновски и Милан Лазаревски.
Македонија се наоѓа во група со репрезентациите на Франција, Германија и Швајцарија. Првиот натпревар го играме на 10.јануари против селекцијата на Франција.