Црвено-црните ја забележа втората победа на пријателските натпревари во Анталија, вчера бевме подобри од екипата на Либерец и тоа со пресврт, откако на полувреме резултатот беше 1:0 во корист на Либерец. Во вториот дел успеавме да направиме комплетен пресврт и да го завршиме овој дуел со триумф од 2:1. Стрелци на головите беа Стефан Спировски и Влатко Грозданоски.
Овој меч го започнавме со следниве 11-сетмина: Пачовски, Хамбарџумјан, Гранчаров, Мијушковиќ, Љамчевски, Глигоров, Фелипе, Асани, Блажевски, Ќеран, Ивановски. Играа уште на овој дуел и следниве фудбалери: Гачевски, Грозданоски, Којашевиќ, Николов, Брдаровски, Спировски, Новак, Таневски и Личина. Видеото од овој дуел погледнете го во продолжение :