Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Раул Гонзалес: Задоволен сум од играта на своите играчи и од натпреварот
Раул Гонзалес: Задоволен сум од играта на своите играчи и од натпреварот

Раул Гонзалес: Задоволен сум од играта на своите играчи и од натпреварот

Вардарци на супериорен начин ја започнаа новата година, со убедлива победа во сеха-лигата, против екипата на Борац од Бања Лука. Иако само неколку дена по завршеното европско првенство во Полска, на кое нашите ракометари беа актуелни со настапи за своите репрезентации и скратениот состав од 13 играчи, црвено-црните влегоа максимално мотивирано во овој дуел и на крај сосема заслужено остварија победа, со која остануваат на врвот во ова натпреварување. После завршување на мечот своите впечатоци од триумфот ги искажаа тренерот Гонзалес и голманот Милиќ.

-Мислам дека Борац одигра добро. Нашата одбрана беше добра и прикажавме брза игра. Одигравме две различни полувремиња. Во првото полувреме тргнавме остро и направивме доволна гол разлика, но морам да истакнам дека и одбраната беше одлична. Задоволен сум од играта на своите играчи и од натпреварот, изјави Раул Гонзалес.

На овој меч, тренерот Гонзалес им даде подеднаква шанса за настап на двајцата голмани кои му беа на располагање. Страхиња Милиќ го бранеше нашиот гол во второто полувреме, забележувајќи 1о успени интервенции, додека нековиот колега Петар Ангелов имаше една помалку. Штербик беше поштеден на овој натпревар и не беше во составот.

-Натпреварот беше одличен. Екипата на Борац одлично беше подготвена и можеби овие 11 гола разлика не го покажуваат квалитетот што го поседуваат, можеби поради своето неискуство платија некои од грешките, изјави Страхиња Милиќ.