Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи за Академија 2 и Рк Филип-Вардар во женска конкуренција на “Јуниор лигата“
Победи за Академија 2 и Рк Филип-Вардар во женска конкуренција на “Јуниор лигата“

Победи за Академија 2 и Рк Филип-Вардар во женска конкуренција на “Јуниор лигата“

Првиот натпревар од “Вардар Јуниор“ лигата во женска конкуренција во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одигра помеѓу екипите на Академија 1 и Академија 2, генерација родени 1998/99 година. Поуспешна беше екипата на Академија 2 со резултат 21:15.

Сосема заслужена победа за Академија 2, која имаше постојана предност во текот на целиот натпревар. Во првите 12 минути, тимот на Академија 1 одржуваше некаква резултатска рамнотежа, на самиот старт резултатот беше израмнет на 2:2. Значаен период за победничкиот тим беше, кога при резултат 6:5 успеаа да направат серија од четири последователни голови и да се одлепат на резултат 10:5. До крајот на првото полувреме ја одржуваа стекнатата разлика, па на пауза се замина со водство од 11:7.

vardarfans 2

Вториот дел започна со два гола на Академија 1 за преполовување на негативата од само два гола. идентични работи се случуваа и во овој период на играта. Поразениот тим имаше сили да игра само десеттина минута, кога не дозволуваше Академија 2 уште пред време да го реши победникот. Така резултатот во еден момент гласеше 15:13. Уште една офанзива на Академија 2 и серија од 3:0 за решавачки чекот кон победата. До крајот само го зголемуваа водството, за конечни 21:15 на овој натпревар во корист на Академија 2.

На вториот натпревар одигран во истава сала, екипата на Рк Филип – Вардар забележа убедлива победа против тимот на Академија 1, во генерациоја родени 2000/01 година. Уште по првите 20 минути, беше решено прашањето околу конечниот победник, кога на полувреме резултатот беше 13:3.

Вториот дел започна со гол на Филип-Вардар за само да се зголеми и онака високата предност. Конечно и Академија 1 да ја затресе противничката мрежа и да го зголеми за момент бројот на постигнати погодоци на овој меч. Во наредните неколку минути и двете екипи не успеаа да го пронајдат патот кон мрежата, така да резултатот остана 14:4. Повторно Рк Флип-Вардар покажува дека е подобар противник на овој дуел, постигнувајќи два гола во серија за зголемување на водството. Само два гола во вториот дел за цели 13 минути за Академија 3, што е недоволно да се дојде до поволен резултат. Во 35 минута резултатот на семафорот гласеше 19:5. Конечно Академија 3 ја прекинува лошата серија и успева да постигне гол, за само да ја намали негативата. Ништо поважно не се случуваше во последните пет минути. Конечниот резултат гласеше 21-7.