Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Вардар – Слован Либерец 2-1
(ВИДЕО) Вардар – Слован Либерец 2-1

(ВИДЕО) Вардар – Слован Либерец 2-1

Црвено-црните  ја забележа втората победа на пријателските натпревари во Анталија, вчера  бевме подобри од  екипата на Либерец и тоа со пресврт, откако на полувреме резултатот беше 1:0 во корист на Либерец. Во вториот дел успеавме да направиме комплетен пресврт и да го завршиме овој дуел со триумф од 2:1. Стрелци на головите беа Стефан Спировски и Влатко Грозданоски.

Овој меч го започнавме со следниве 11-сетмина: Пачовски, Хамбарџумјан, Гранчаров, Мијушковиќ, Љамчевски, Глигоров, Фелипе, Асани, Блажевски, Ќеран, Ивановски. Играа уште на овој дуел и следниве фудбалери: Гачевски, Грозданоски, Којашевиќ, Николов, Брдаровски, Спировски, Новак, Таневски и Личина. Видеото од овој дуел погледнете го во продолжение :