Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Дарко Додевски: Ние сме Вардар и до крај ќе атакуваме на двојната круна
Дарко Додевски: Ние сме Вардар и до крај ќе атакуваме на двојната круна

Дарко Додевски: Ние сме Вардар и до крај ќе атакуваме на двојната круна

Седум победи, два нерешени резултати и два порази е епилогот за младинците на Фк Вардар во есенскиот дел од првенствената сезона. Оваа екипа заврши на треттото место во овој дел од натпреварувачката сезона, со два бода помалку од Шкендија и ист број на освоени бодови со Академија Пандев. Голема предност за црвено-црните е играњето на домашен терен во пролетниот дел, против своите најголеми конкуренти за лигашката титула. Во купот избраниците на Марковски-Калц се пласираа во полуфиналето, откако претходно ги елиминираа екипите на Љубанци и Шкупи.

-Eсенскиот дел од сезоната заврши прилично добро за нас, во трка сме за титулата и се пласиравме во полуфиналето од националниот куп. Одигравме доста добри натпревари, во поголемиот дел бевме доминантни и игравме на нивото што тренерот го бара од нас. Имавме несреќен пораз од Шкендија во Тетово и еден лош ден против екипата на Металург, тоа беа двата порази кои ги доживеавме. Во наредната полусезона ќе атакуваме на двојната круна тоа е нашата цел, во првенството сите наши ривали ни доаѓаат на гости, па мислам имаме мала предност и секако со добра игра и борбеност ќе се бориме за титулата .

На 24-ти јануари ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Екипата се засили со двајца нови играчи, во имињата на Димитар Кремчески и Трајче Атанасов.

-Припремите течат во најдобар ред сите играчи максимално се подготвуваат за следната полусезона да дадаат максимум имаме и нови засилувања кои максимално се прилагодуваат на играта која ја применуваме. Како што реков очекувањата се големи, ние сме Вардар и ќе атакуваме на двојната круна, изјави Дарко Додевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски