Денеска со почеток во 16 часот, ФК Вардар ќе го одигра и петиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Противник на нашиот црвено – црн тим ќе биде тимот на Черноморец Одеса од украинската прва лига. Черноморец Одеса моментално настапува во првата украинста лига, на полусезона го има завземено 12-сетото место, од вкупно 14 екипи во првата украинска лига. Черноморец Одеса досега има забележано само една победа во првенството, 7 пати играл нерешено, додека пак 8 пати завршувал со пораз.
Се очекува оваа екипа да биде екипа од рангот на Металист, со оглед на тоа дека и двете екипи оваа сезона во украинската лига се изедначени скоро во се. Металист има само еден бод повеќе од Черноморец Одеса, односно завзема едно место погоре во однос на денешниот противник. Останува да виидме како ФК Вардар ќе го одигра овој предпоследен натпревар на подготовките во Анталија.