Младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар продолжуваат со подготовките и одигрувањето на контролни натпревари, пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Денес со почеток од 11:45 часот на теренот во населбата Хиподром, пријателски натпревар ќе одиграат Фк Вардар генерации родени “2003“ и “2004“ година. Во Аеродром контролни натпревари ќе одиграат и двете екипи на генерацијата родени “2005“ година. На претходните дуели, Фк Вардар (1) ремизираше со екипата на Металург, со резултат 4:4, додека Фк Вардар (2) беше поуспешен во дуелот со екипата на Кул, со резултат 4:1. Ова се последни проверки за категориите 2004 и 2005, кои за неколку дена заминуваат на турнир во Бугарија ( Сандански). Фк Вардар генерација “2006“ вчера на теренот под Кале одигра меч, против Фамос и славеше со резултат 2:0.
Во недела контролни натпревари ќе одиграат и пом.пионери и пионери, против своите врсници од екипата на Македонија Ѓ.П. Кадетите и младинците ќе тренираат на новиот спортски комплекс во Н. Хиподорм, како и генерација родени “2002„ година , која утре ќе одржи тренинг на истиот терен.