Денес нашиот фудбалски шампион ќе го одигра последниот контролен натпревар на подготовките во Анталија. Противник е екипата на Елверсберг кој доаѓа од четвртата регионална германска лига. Ова е вкупно шестти подготвителен меч за избраниците на Гоце Седлоски, кои претходно забележаа три победи и два нерешени резултати. Последниот триумф беше забележан вчера во дуелот со Черноморец Одеса.
За денешниот дуел, шефот на стручниот штаб се одлучи за следниве 11-сетмина: Гачевски, Брдаревски, Мијушковиќ, Попов, Љамчевски, Николов, Велкоковски, Грозданоски, Блажевски, Стојков, Ивановски.
Од клупата шанса ќе чекаат: Трајчевски, Личина, Петковски, Таневски.