Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи за Рк Ново Лисиче и Академија 1 во женската “Јуниор лига, генер. родени 2004/05 година
Победи за Рк Ново Лисиче и Академија 1 во женската “Јуниор лига, генер. родени 2004/05 година

Победи за Рк Ново Лисиче и Академија 1 во женската “Јуниор лига, генер. родени 2004/05 година

На првиот натпревар одигран во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се сретнаа екипите на Рк Ново Лисиче и Академија 2, во генерација родени 2004/05 година. Поуспешна беше екипата на Ново Лисиче, која славеше со резултат 9:3.

Се што успеа да направи на овој меч, тимот на Академија 2 е да го израмни резултатот на 2:2. До крајот на првото полувреме, Рк Ново Лисиче постигна два погодоци во серија за водство од 4:2. На стартот на вториот дел Академија 2 прва постигна гол за да го намали резултатот, до до крајот на натпреварот следуваше серија на Рк Ново Лисиче од 5:0, за конечен резултат од 9:3, на овој прв воден натпревар во женска конкуренција.

Програмата во женската “Јуниор“ лига, продолжи со натпреварот помеѓу екипите на Рк Кисела Вода и Академија 1 и заврши со убедлив триумф на Академија 1 со интересен резултат од 0:16. Рк Кисела Вода за жал не успеаа ниту еднаш да го пронајде патот кон противничката мрежа, додека на спротивната страна Академија 1 непрекинато постигнуваше погодоци. По првото полувреме резултатот беше 0:9. Самиот резултат говори за квалитетот на двете екипи и силите со кои располагаа на теренот. Без поголеми проблеми Академија 1 успеаа да запише нов триумф во ова натпреварување.