Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Академија 3 и Академија 1 однесоа победи во 3 коло на “Јуниор“ лигата, генер. родени 2004/05 година
Академија 3 и Академија 1 однесоа победи во 3 коло на “Јуниор“ лигата, генер. родени 2004/05 година

Академија 3 и Академија 1 однесоа победи во 3 коло на “Јуниор“ лигата, генер. родени 2004/05 година

Мечевите во женската “Јуниор“ лига, во генерација родени 2004/05 година продолжија со натпреварот помеѓу екипите на ГРК Гостивар Вардар и Академија 3. Во еден интересен и неизвесен натпревар, на крајот на триумфот се радуваше екипата на Академија 3. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 5:6. На полувреме Гостивар беше тимот кој имаше водство од 3:2. Ниедна од двете екипи не успеваа во текот на мечот да се одлепат на разлика поголема од еден погодок. Академија 3 го отвори резултатот на овој дуел, но до полувреме ГРК Гостивар успеаа да направи резултатски пресврт. Во второто полувреме се играше гол за гол, но првите два погодоци во второто полувреме беа дело на Академија 3, која до крајот успеаа да ја зачува оваа минимална предност и да забележи победа.

Четвртиот дуел од програмата во женската “Јуниор“ лига, беше помеѓу екипите на Академија 1 и Академија 2. Овој меч заврши со победа на Академија 1 со резултат 13:10. Академија 2 добро го отвори овој натпревар со почетно водство од 0:1 и 1:2. Набргу следи комплетен пресврт на овој натпревар, Академија 1 успеаа најпрво да го израмни резултатот, а потоа и да поведе. При резултат 4:3, победничката екипа успеаа да направи серија од три последователни гола, за предност од 7:3 по крајот на првиот дел.

Оваа позитива од четири голови Академија 1 ја одржуваше се до половина на вториот дел, кога Академија 2 успева комплетно да се врати во натпреварот и да намали на само еден гол негатива 9:8. Сепак последниот удар го зададе повторно Академија 1, која до крајот постигна четири голови, наспроти само два на противникот. за победа и конечен резултат од 13:10.