Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го зеде скалпот и на Елверсберг
Вардар го зеде скалпот и на Елверсберг

Вардар го зеде скалпот и на Елверсберг

Победа на ФК Вардар на шестиот натпревар во Анталија, денеска победен беше германскиот тим на Елверсберг  со резултат 3-1. За денешниот натпревар против германците, Седлоски се одлучи за овој почетен состав: На голот беше Филип Гачевски, во одбраната Владица Брдаровски, Немања Мијушковиќ, Горан Попов, Благоја Љамчевски, во средниот ред  Бобан Николов, Дарко Велковски, Влатко Гроздановски, Дејан Блажевски и Ацо Стојков, а најистурен беше  Филип Ивановски. На клупата за резерви беа: Филип Трајчевски, Есмин Личина, Златко Таневски, Петар Петковски, Евгениј Новак, Јасир Асани и Драган Ќеран. Вардарци започнаа убедливо, првата одлична можност на натпреварот ја имаше Стојков во 2′ доби одлична топка од Блажевски, биеше од десетина метри, но само во пречката. Во 3′ Вардар дојде до водство. Дејан Блажевски упади удар од 15-сетина метри, силно, без никакви шанси за голманот на Елверсберг. Вардар во првиот дел имаше уште неколку добри можности за дуплирање на водството, најсериозните шанси за втор гол ги имаа Николов и Блажевски. Николов во 33′ доби одлична топка, малку откосо, биеше но во добро поставениот голман. Елверсберг имаше свои добри шанси во првиот дел, посебно во 14′ кога Гачевски со одлична одбрана спаси сигурни 1:1. При крајот на првиот дел Елверсберг имаше уште една добра прилика, но никој од играчите на Елверсберг не ја зафати таа топка. По првото полувреме резултатот беше 1-0 за ФК Вардар.

 Во вториот дел Седлоски им даде шанса на младите Вардарци, голманот Трајчевски и играчот од средниот ред Есмин Личина, исто така и Јасир Асани влезе во вториот дел. Во 54′ oд натпреварот Елверсберг го изедначи резултатот. Еден играч на Елверсберг  остана сам во нашиот шеснаесетник, доби топка, и лесно го матираше нашиот голман за 1-1. Во 71′ од натпреварот Филип Ивановски доби одлична топка од Блажевски, биеше со глава но голманот на Елверсберг  одлично одбрани. Во 80′ минута Асани беше соборен во шеснаесетникот на Елверсберг  за пенал за Вардар. Блажевски биеше од 11 метри по средина на голот за 2-1 за Вардар. Во 82′ по една грешка на играчите на  Елверсберг, Асани погоди за 3-1.
Крај на натпреварот Вардар – Елверсберг 3:1