Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Третта победа на контролните натпревари за Фк Вардар генер. “2006“
Третта победа на контролните натпревари за Фк Вардар генер. “2006“

Третта победа на контролните натпревари за Фк Вардар генер. “2006“

Црвено-црната фудбалска генерација родени “2006“ година ја забележаа и треттата победа на контролните натпревари, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во детската лига. Избраниците на Кралевски овој пат беа поуспешни од генерацијата на Фамос, која за една година е повозрасна од Вардарци, односно момчиња родени “2005“ година. Натпреварот се одигра на теренот под Кале на дождливо време и заврши со триумф на црвено-црните, со конечен резултат од 2:0. Стрелец на двата погодоци беше Максим Цониќ, кој посебно се истакна на овој дуел и остави најголем впечаток. Вреди да се напомене дека за овие генерации, една година е голема разлика, во сите погледи на играта, сепак нашите надежи одиграа одличен натпревар, без примен погодок.

На овој дуел тренерот Кралевски настапи со следниот состав: Андреј Данстак, Давид Голубов, Максим Цониќ, Драган Јанкоски, Никита Патаровски, Михаил Николов, Михаил Танчев, Марко Николовски, Милош Спасовски и најновото засилување во името на Стефан Колоски. Единствен кој недостасуваше на овој натпревар беше Дамјан Крстевски. 

Викендов ќе биде слободен за тренинзи за оваа генерација, која заслужено добива одмор после напорните тренинзи и контролни натпревари. Ова е во низа третти триумф, откако претходно бевме убедливи во дуелите со екипите на Смиљковци и Њу Старс.